Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико обезбеди нов лев бек, но тој ќе почека за дебито

Објавено

на

Диего Симеоне ја реализираше најавената „размена“ на леви бекови, при што го испрати Ренан Лоди во Нотингем, а од Тотенхем, Атлетико Мадрид го ангажираше Серхио Регилон.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид не е во прв план кај Антонио Конте, па Тотенхем без проблеми му дозволи на Шпанецот да се врати во својата земја, а Атлетико покажал најсериозен интерес за Регилон.

Главен фокус за фудбалерот сега ќе биде рехабилитацијата по оперативниот зафат кој му беше направен неодамна, што значи дека Атлетико и Регилон ќе мора да чекаат за деби на бекот.

За Регилон ова ќе биде трет шпански тим во кариерата, бидејќи беше на заем и во Севилја, со која ја освои Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни