Поврзете се со нас

Италија

Аталанта ослабена на клупата, Милан без тројца важни играчи за петочното дерби

Објавено

на

Милан ја пречекува Аталанта во петок во најинтересниот натпревар од следното коло во Серија А, а и двете страни добија суспензии од дисциплинската комисија.

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини заработи исклучување по конфликтот со Синиша Михајловиќ на дуелот со Болоња и поради тоа нема да може да го води својот тим на „Сан Сиро“.

Одлуката на дисциплинците е дека Гасперини му се спротивставувал на судијата Ла Пена и поради тоа ќе го следи дуелот од трибините.

Од друга страна, неговиот колега Стефано Пиоли има проблеми со ростерот, бидејќи поради акумулирани жолти картони, еден натпревар ќе прескокнат Тео Ернандез и Исмаел Бенасер.

Интересно, Ернандез стигна до десет, а Бенасер до дури четиринаесет жолти картони досега во Серија А.

Милан во одбраната ќе биде без Алесио Ромањоли, кој може да го пропушти преостанатиот дел од сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни