Поврзете се со нас

Репрезентација

Ашковски: Ние сме големо семејство, ќе се бориме за победа над Бугарија

Објавено

на

Најдобрата македонска репрезентација ги стартуваше подготовките за Лигата на нации каде во првата половина на месец јуни не очекуваат дури четири натпревари.

Првиот од нив е на гостински терен против Бугарија во Разград, средба закажана за 2 јуни. Ова е дуел кој е значаен од повеќе причини, па избраниците на Благоја Милевски се подготвени да го дадат својот максимум

-За десет дена не очекуваат четири интересни натпревари, првиот предизвик е Бугарија. Тие добра репрезентација, но ние одиме на победа, па ќе видиме што ќе биде. И претходно имавме проблеми, немавме доволно време да се подготвиме, ама репрезентацијата е како едно големо семејство. Кој и да добие шанса ќе го даде својот максимум, бидејќи сме сме Македонци и горди сме што играме за оваа земја. Ние ќе го дадеме нашиот максимум за да ја победиме Бугарија.

-Со селекторот имаме систем на работа и ротацијата не би требало да биде проблем. Секој што ќе влезе во тој систем знае што треба да прави. Би биле задоволни со победи на овие средби, ама ова е фудбал и никогаш не е знае што ќе биде, -порача Стефан Ашковски.

По оваа средба не очекува двомеч со Гибралтар, ама и соочување со Грузија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни