Поврзете се со нас

Шпанија

Арбелоа: Азар се врати како авион

Објавено

на

Некогашниот член на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа верува дека „кралевите“ ќе добијат големо засилување за продолжението на сезоната во името на Еден Азар.

Азар имаше повреда и се очекуваше да биде во аут до крајот на кампањата, меѓутоа пандемијата со коронавирусот ги промени работите, Белгиецот доби шанса да закрепне и сега е во комбинација за мечевите кои Реал ќе ги одигра до крајот на кампањата 2019/2020.

-Претпоставувам дека со Асенсио ќе мора да се внимава, да се има поголема грижа, постепено да добива минутажа. Треба да бидете повнимателни со него отколку со Еден (Азар) кој се врати како авион. Тој ќе ни победи на многу натпревари, -истакна Арбелоа кој од наредната сезона ќе биде тренер на Реал во категоријата до 19 години.

Првата средба на Реал по паузата е на домашен терен против Еибар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни