Поврзете се со нас

Репрезентација

Апостолски Лечиќ: Ќе дадеме се од себе да ја израдуваме македонската нација

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Уште една македонска кошаркарска репрезентација има настап ова лето-тоа е селекцијата до 18 години која ќе биде дел од Европското првенство-Дивизијата „Б“.

Нашите надежи се во португалски Матошинос каде ќе се обидат да дојдат до што подобар резултат почнувајќи од утре кога се соочуваме со Велика Британија.

-После четириесет и пет дневни подготовки, почнува првенството за нашата репрезентација. Поточно кажано, првиот ден сме слободни што е добро за нас. Пред се затоа што можеме да ги видиме ривалите ‘во живо’, иако веќе имаме доста материјали за нашите противници особено оние во групата во која што сме.

-Во текот на подготовките имавме неколку повреди кои никој не ги посакува. За жал, за некои играчи тоа значеше и дека нема да отпатуваат со нас. На контролните натпревари не бевме комплетни скоро на ниту еден натпревар, па не можевме да видиме јасна слика. Па оттука, ги користевме за напредување во играта на нашиот тим, па и  резултатот беше на втор план. Но се знае дека сега, на европското првенство, овде во Португалија, резултатот е во прв план. И затоа, ќе дадеме се од себе да оставиме добар впечаток, -истакна селекторот Апостолски Лечиќ кој пред дуелот со Велика Британија порача:

-Првиот натпревар против Велика Британија претставува еден од најважните натпревари во понатамошниот дел од првенството. Анализирани се противниците и ќе дадеме максимум да го победиме противникот.Мора да го кажам и ова, во составот имаме дури седум помлади играчи од генерацијата, што ќе помогне и во наредните години, со собирање на искуство и одлични натпревари во нозете Во составот во кој сме овде, ќе дадеме се од себе уште еднаш летово да ја израдуваме цела нација и да направиме што поголем успех во рамките на нашите можности, -заклучи предводникот на нашите јуниори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни