Поврзете се со нас

Франција

Анри му одржа лекција на Мбапе и го потсети на еден негов пример: Има само едно правило

Објавено

на

Foto:twitter.com/KMbappe

Килијан Мбапе одново се претвори во топ тема во француската спортска јавност поради написите на најугледните медиуми од оваа земја, кои вчера пред натпреварите во Лигата на шампионите открија дека напаѓачот одново е незадоволен во Париз.

Наводно, Мбапе изнел желба да го напушти ПСЖ уште во јануари поради неисполнетите желби и неприродната позиција на која е игран од тренерот Галтие, нешто што предизвика да добие напад и од човекот кој сериозно го штитеше и фалеше во изминатите неколку години.

Тјери Анри како стручен аналитичар за „Си-Би-Ес“ испрати жесток напад на адреса на Мбапе, а притоа му одржа и лекција поради незадоволството кое го искажува.

– Никој не сака да биде изложен на нешто во што не е најдобар. Но, истовремено, има нешто што е поголемо од било кој играч, а тоа е клубот. Во оваа приказна на ПСЖ и Мбапе треба да се разгледа и уште нешто. Дали ПСЖ со своите потези направи тој да се чувствува поголем од клубот?

– Јас имам да му кажам една моја приказна. Мене воопшто не ми се допаѓаше тоа што играв горе лево во Барселона. Го мразев тоа, но го правев за тимот. Не сакав да го правам тоа после повеќе од 100 настапи за Франција. Има само едно јасно правило. Ако тренерот побара да направите нешто, вие го правите тоа. Го правите тоа за доброто на тимот, ако е лошо за тимот, тогаш може да се изнесуваат аргументи, – порачува Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни