Поврзете се со нас

Франција

Анри му најави борба на Реал за Мбапе: Никогаш не сум се откажал после првото „НЕ“

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Дидие Дешамп вчера јавно го критикуваше пристапот на Реал Мадрид и ставот да не пушта свои фудбалери на фудбалскиот турнир на Олимписките игри, тема која беше актуелнизирана и од човекот кој ќе го води францускиот тим на случувањето во Париз.

Тјери Анри е селектор на младинскиот тим на Франција и ќе биде одговорен за селектирање на најдобрите, а планот на Тјери беше да го повика и Килијан Мбапе кој е пред трансфер во Реал Мадрид.

Ако беше дел од ПСЖ, Килијан немаше да има никакви проблеми да настапи на игрите во својата земја, но бидејќи негова следна дестинација е Мадрид, во Франција се свесни дека поразот во оваа битка е се поизвесен.

И покрај тоа, Анри вети борба до сам крај и објасни дека е расположен за дискусија со „кралевите“, особено поради фактот што игрите се играат на француско тло.

– Можев да замислам таков став на Реал Мадрид. Странските клубови немаат ист став како оние во Франција. Француските клубови се тука за да помогнат, а странските клубови нормално е да кажат „Не“. Сепак, јас никогаш не сум се сопрел после првото „Не“, ќе видиме што можеме да направиме.

– Ќе се обидеме да дискутираме со Реал, да видиме дали ќе сакаат да не примат. Нема да биде лесно, но не сакаме да се чувствуваме поразени уште отсега. Јасно е дека последниот збор го имаат клубовите и ќе видиме како ќе заврши ова, – изјави Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни