Поврзете се со нас

Репрезентација

Ангеловски: Ова ќе биде специјален меч за нас, не ни е потребна посебна мотивација

Објавено

на

Македонија го остави зад себе убедливиот триумф над Лихтенштајн и сега фокусот е на селекцијата на Германија со која утревечер ќе се соочиме во Дуизбург.

Германците се состав за тој не треба многу да се зборува, селекција која е меѓу најдобрите на светот, но токму тоа е плус мотив за нашиот национален тим да покаже дека може да се носи со репрезентации од таков ранг.

-Германија не е фаворит само против нас, тие се фаворити на сите ЕП и СП. Ќе биде специјален меч за нас и ќе биде задоволство да се игра со ваков противник. Поради тоа ни е е потребна посебна мотивација и самото тоа што играме против поранешен светски шампион ни ја зголемува желбата и мотивот за надигрување.

-Очекувам возбудлив натпревар. Играме добро против моќни противници, верувам така ќе биде и утре. Германците се физички силни и имаат огромен квалитет. Ако по тренингот Велковски и Адеми се во ред, тогаш, двајцата ќе конкурираат за место во почетникот состав, -порача селекторот Игор Ангеловски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни