Поврзете се со нас

Светски првенства

Ангеловски: Ги остваривме двете цели кои ги имавме зацртано пред мечот

Објавено

на

Игор Ангеловски беше презадоволен од расплетот на националната арена „Тодор Проески“ и од високата победа која ја оствари Македонија против Лихтенштајн, не само поради петте постигнати гола, туку и поради фактот што успеал да сочува важни сили за тешкото гостување во Дуизбург.

Македонскиот селектор нагласи дека биле остварени двете најважни цели на натпреварот против аутсајдерот Лихтенштајн, односно остварување лесна и висока победа, а воедно и поштеда на играчите во последните 30-тина минути во кои практично беше решен победникот.

– Секогаш е тешко да се победи убедливо, во денешниот фудбал нема лесен противник на било кое ниво. Добро е што победата не беше доведена во прашање, а ги остваривме и двете цели.

– Првата беше да оствариме убедлива победа, а втората да сочуваме енергија и да не ги исрпиме фудбалерите. Ја сочувавме свежината за премсетката со Германија во Дуизбург. Задоволен сум од реализацијата која ја имавме против Лихтенштајн, без оглед на тоа што можевме да дадеме уште некој гол, – изјави Ангеловски.

– Немаше потреба да го користиме Адеми, го сочувавме и сигурен сум дека ќе може да биде стартер против Германија на гостувањето, – заврши македонскиот селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни