Лига на шампиони
Анчелоти: Гвардиола може да остане мирен, утре нема да направам никаква магија

По најавата на Пеп Гвардиола, оваа вечер својата прес-конференција на „Итихад“ ја одработи и Карло Анчелоти, кој при соочувањето со новинарите не пропушти да му испрати порака на својот колега.
Италијанскиот стручњак го изненади Пеп на првата пресметка во Мадрид со тактичката претумбација и играњето на Родриго како лево крило, но Дон Карло сега посочи дека за вториот меч нема да има никакви изненадувања, особено поради фактот што двата тима веќе навикнаа да играат еден против друг.
Сити-Реал се претвори во вистинско фудбалски „Класико“ во Европа во последните неколку години, а иако Реал минатата сезона настрада и загуби со 4:0, Анчелоти вели дека воопшто не стравува од „граѓаните“.
– Ништо не ме остава без спиење, па истото важи и за Сити. Останувам без сон само ако премногу јадам пред да си легнам. Јас имам голема верба во мојот тим и верувам дека можеме да одиграме многу добро и дад победиме.
– Немам подготвено никакво изненадување за Гвардиола. Се познаваме многу добро и може да биде мирен, утре нема да направам никаква магија. Нема потреба да се прават споредби со мечот од минатата година, овој меч утре е посебен сам за себе. Треба да се бидеме желни за победа, да излеземе храбро и со голема самодоверба. Остануваат уште 90 минути и се може да се случи на теренот. Имаме потребен квалитет за да им направиме проблеми, – изјави Анчелоти.
-
НБА22 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
НБА15 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција11 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан21 час
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија11 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Италија24 часа
Инѕаги за поразот од Фиорентина: Заслуживме да загубиме
-
Формула 122 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
НБА18 часа
Баркли, О’Нил и Смит ги избраа Ол-стар тимовите: Јокиќ, Јанис и Шеј во ист тим