Атлетика
АМС брзо ја поправи грешката: Рекордерот Ивановски доби ваучер каков што заслужува

Агенцијата за млади и спорт денеска ги додели спортските ваучери за 2021-ва година, а дефинитивно најголема бура предизвика скромната парична сума која ја доби најдобриот македонски атлетичар на подолги делници.
Дарио Ивановски поставува лични и државни рекорди и имаше блескаво издание на последното атлетско првенство кое се одржа во Србија, а откако на официјалната листа беше обелоденото дека добил само 38 илјади денари како вредносен ваучер од Агенцијата за млади и спорт, следеа нависитна жестоки реакции од него, од неговиот тренер, но и од цела спортска јавност во земјата.
Наспроти Јован Стојоски кој доби 300 илјади денари, Ивановски првично доби 8 пати помалку, но откако се направи сериозен притисок во јавноста, од АМС признаа дека била направена голема грешка во распределбата и македонскиот рекордер на 1500 метри ќе добие ваучер од 188 илјади денари
– Дарио ретко јавно зборува.Повеќе го интересира тренинг, трка и успех. Но, кога зборува има нешто. Дури и да не го сакаш како личност, го читаш и те тера да заплачеш… Неговите зборови денес растреперија милион македонски срца. Неговите зборови ги кренаа на нозе сите кои се авторитет во македонскиот спорт.
– Мојата и наша атлетска федерација на чело со претседателката Александра Војнеска Зикова експресно реагираше до АМС и оваа грешка беше поправена за многу кратко време. Ваучерот за Дарио ќе биде 5 пати поголем и во рамките на неговата врвна шампионска класа како што заслужува. Јавно и благодарам на претседателката на АФМ и одговорните луѓе во АМС за оваа исправна одлука. Одиме сите заедно во нови победи за Македонија, – порача Игор Јакимовски, тренерот на Дарио Ивановски.

- Англијапред 21 час
Гундоган призна дека бил пред трансфер во голем ривал на Манчестер Сити: Имаше разговори со нив
- Англијапред 20 часа
Манчестер Јунајтед на готовс, извршниот директор на Борусија Дортмунд не отфрли заминување на звездата на тимот
- Англијапред 19 часа
Бербатов типува: Ќе има доста голови на дербито на „Стемфорд Бриџ“, Ливерпул ќе ја прекине серијата на порази
- НБАпред 19 часа
Леброн не чекаше многу и му возврати на Ибрахимовиќ: Чудно од негова страна, јас нема шанси да седам настрана
- Англијапред 24 часа
Гундоган направи споредба меѓу двата великани: За Клоп умирате на теренот, чувството со Гвардиола…
- Италијапред 18 часа
Касано: Роналдо е големо промашување на Јувентус, ова беше погрешен проект
- Англијапред 21 час
Тухел се отвори за најтешкиот пораз во кариерата: Бев во темнина, не можев да зборувам два дена
- Англијапред 23 часа
Брус имаше блиска средба со Солскјер, па беше налутен од едно новинарско прашање: Сите мислат така или само ти?