Поврзете се со нас

АТП

Алкарас се врати од загубена ситуација и со еден поен ги крена на нозе тениските фанови во Лондон (Видео)

Објавено

на

Карлос Алкарас се уште треба да собере искуство за да ги прикаже најдобрите изданија на трева и самиот е свесен за тоа, но сепак секој фан кој плати билет за неговиот прв меч на Вимблдон сигурно не зажали.

Шпанецот понуди вистински спектакл во пресметката со Штруф која траеше повеќе од четири часа, а која беше решена во одлучувачки петти сет во кој подобар беше талентираниот тенисер.

Алкарас успеа да направи пресврт и се врати од речиси загубена ситуација против Штруф, особено поради тоа што губеше со 2:1 во сетови и почна лошо во тајбрејкот во четвртиот сет.

Во тие моменти, Алкарас режираше еден поен кој ги крена на нозе сити присутни на првиот терен во Ол Ингланд клубот, мајсторија која беше издвоена и од страна на самиот турнир.

Ова потоа се покажа како најава за пресвртот кој го режираше младиот Карлос, кој откако израмни на 2:2 во сетови, го доби решавачкиот со 6:4.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни