Поврзете се со нас

АТП

Алкарас призна дека бил немоќен, Димитров слатко се изнасмеа на еден негов коментар (ВИДЕО)

Објавено

на

Карлос Алкарас доживеа неочекуван пораз од Григор Димитров во Мајами и тоа во периодот во кој изгледаше дека ја враќа старата форма, односно дека е незадржлив со оглед на тоа што врза девет победи во низа при што го освои Мастерсот во Индијан Велс.

Меѓутоа Шпанецот се уште има да учи и потврда за тоа е дуелот со Димитров во кој комплетно беше надигран со 6-2 и 6-4. Алкарас спортски го призна поразот, но и немоќта во ова соочување посочувајќи дека противникот направил да се почуствува како да има 13 години.

Димитров повторно го надигра Алкарас и обезбеди полуфинале во Мајами (ВИДЕО)

-Играше неверојатен тенис, речиси совршен, ако можам да кажам „совршено“. Мислам, не можев да најдам решенија. Не можев да најдам начин да направам да се чувствува непријатно на теренот. Ова беше одличен натпревар од негова страна.

-Имам многу фрустрации во моментов, бидејќи тој ме натера да се чувствувам како да имам 13 години (се смее). Знаете, беше лудо. Разговарав со мојот тим велејќи дека не знам што треба да направам. Не ја знам неговата слабост. Не знам ништо, -истакна Алкарас.

Оваа изјава му беше пренесена на Бугаринот кој слатко се изнасмеа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни