Поврзете се со нас

АТП

Алкарас откри брутална статистика за Ѓоковиќ по титулата која ја освои во Лондон

Објавено

на

Foto:twitter.com/QueensTennis

Карлос Алкарас ја освои првата титула на тревна подлога во својата кариера и тоа му овозможи да се врати на првото место на АТП листата, но истовремено е и голем потстрек за она што следи.

Натпреварувачкиот ритам кој го стекна во Квинс Клубот и освоената титула сигурно носат огромна доза на самодоверба пред настапот на Вимблдон за една недела, но Алкарас е свесен дека на големата сцена во Ол Ингланд Клубот главен фаворит ќе биде Новак Ѓоковиќ.

Србинот ќе ја брка осмата титула на зелената трева во Лондон, а Алкарас е свесен дека Србинот ќе биде играчот кој ќе треба да се победи после статистиката која ја видел во најавите за третиот грен слем во годината.

– Ова е прва титула за мене на оваа подлога и победата прави да одам со голема самодоверба на Вимблдон. Сепак, кога ќе се погледне статистиката на Ѓоковиќ, тој има повеќе победи на трева од сите топ 20 тенисери во моментов.

– Нема потреба да се додаде ништо повеќе, тој е фаворит број еден на Вимблдон за освојување на титулата, но јас ќе се обидам да бидам на највисоко ниво да го победам, или најмалку да стигнам барем до финалето, – изјави Алкарас по триумфот во финалето со Де Минор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни