АТП
Алкарас ја освои „црвената група“ и закажа спектакл со Ѓоковиќ во Торино (ВИДЕО)

Најдобриот шпански тенисер, Карлос Алкарас е последниот патник во полуфиналето на АТП завршниот турнир кој се игра во Торино.
Во првиот денешен меч во поединечна конкуренција, Карлос го надигра Данил Медведев со 2-0 и со тоа ја освои „црвената група“, а со тоа воедно закажа спектакл во полуфиналето со оглед на тоа што ривал ќе му биде првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.
Алкарас одигра квалитетно, одлично го чуваше својот сервис, а во исто време двапати му го одзема на противникот со што беше доволно да дојде до триумф од 6-4 и 6-4. Во првиот сет клучниот момент се случи во седмиот гејм, додека пак во вториот разликата беше направена во деветтата „игра“ по што Шпанецот поведе со 5-4 и потоа рутински на свој сервис ја заврши работата.
Со ова Шпанецот поведе со 3-2 во меѓусебните дуели со Данил, резултат до кој ќе се обиде да дојде и утре против Ѓоковиќ со оглед на тоа што во дербито ќе влезат со 2-2. Во вториот полуфинале домашниот фаворит Јаник Синер ќе излезе на мегдан со Медведев.
-
Италијапред 21 час
Де Лаурентис по гала вечерта во Италија: Децата во Неапол научија важна работа
-
Англијапред 13 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 15 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Светпред 17 часа
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…
-
Англијапред 22 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Светпред 14 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Шпанијапред 23 часа
На Симеоне му здосади од Чави: Мораш да го опоменеш, не си ја затнува устата…… (Видео)
-
Балканпред 16 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција