Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Има четири фаворити за титулата на Ролан Гарос

Објавено

на

Карлос Алкарас ќе игра во уште едно финале и тоа е јасна потврда дека се наоѓа во одлична форма пред вториот календарски грен слем Ролан Гарос.

Шпанецот триумфираше во Барселона, сега е на еден чекор од славје во Мадрид, па сосема очекувано се стави себеси во Топ фаворити за пехарот на турнирот во Париз кој е на програмата од 22 мај до 11 јуни.

-Фаворити се Ѓоковиќ, Циципас, Надал ако дојде и јас. Се ставам себеси високо на таа листа. Ноле секогаш е фаворит, Рафа исто затоа што ова е негов турнир, а од Стефанос очекувам високо ниво. Јас играм на добро ниво, имам одлични резултати со одлична самодоверба, -истакна Карлос кој во завршниот меч во Мадрид ќе се соочи со Јан-Ленард Штруф кој е најголемо изнадување, односно дојде до оваа фаза откако влезе на турнирот низ мала врата како „лаки лузер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни