Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид ги дозна ривалите за премиерната сезона во Европа, Вардар го чека „пекол“ доколку изненади против Рајн Некар

Објавено

на

Foto:facebook.com/rkvardar

Алкалоид оствари фантастичен успех во својата прва сезоан во најсилната македонска лига, а освоеното второ место направи момците на Кирил Лазаров да имаат премиерен настап во Европа.

Тимот од Автокоманда ќе игра во Лигата на Европа и точно напладне ги дозна ривалите кои ќе ги има својата премиера на стариот континент, а тоа се екипите на Силкеборг, Ла Риоха и Војводина со кои се најде во групата Ф.

Алкалоид чекаше противници од вториот шешир и од првиот го доби силниот дански тим Силкеборг, додека од третиот и четвртиот квалитативен барабан беа извлечени шпанскиот и српскиот ривал.

Ова беше епилогот за нашиот сигурен претставник во групната фаза, во која може да има и втор македонски тим доколку Вардар успее да се надмине себеси и да го мине Рајн Некар во квалификациското коло.

Доколку се случи тоа, Вардар ќе биде сместен во групата А, во која се моќни тимови како Нант, Кристијанштад и Бенфика.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни