Поврзете се со нас

Италија

Албертини со предлог до Милан да го купи играчот кој ја грее клупата во Ливерпул: Знам како се освојува Скудетото

Објавено

на

Деметрио Албертини одбележа своја ера во Милан во 14-те години кои ги мина на „Сан Сиро“, во кои интересно освои дури 14 трофеи, од кои осум се навистина со огромно значење.

Албертини три пати славеше во Лигата на шампионите и пет пати беше шампион на Италија со моќниот Милан во 90-те години на минатиот век, а бидејќи 50-годишниот Италијанец има статус на легенда во клубот, си даде за право да предложи едно интересно засилување во овој јануарски преоден рок.

Дел од европските клубови се активираа уште на стартот на зимскиот преоден рок и почнаа со реализација на операциите, а Албертини верува дека тимот на Пиоли треба да се засили со напаѓачот кој ја грее клупата во Ливерпул.

– На Милан му е потребен добар напаѓач и покрај добрата ширина која ја има. Треба да гледа напаѓачи кои не добиваат многу шанси во актуелните клубови, како што е случајот со Ориги.

– Дивок би постигнал голем број погодоци во Серија А, Скудетото се освојува со фантастичен напаѓач во офанзивниот дел и тоа ви го вели човек кој цел живот го мина на средината на теренот, – потенцира Албертини во интервјуто за „Газета“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни