Поврзете се со нас

Шпанија

Алаба: Една работа кај Анчелоти посебно ме импресионира

Објавено

на

Давид Алаба направи голема животна и културна промена во изминатиот летен преоден рок, бидејќи реши да го напушти Баерн Минхен и Германија по цели 11 години.

Австрискиот репрезентативец остави трага во баварскиот великан и го запиша своето име во историјата на клубот, но сега се обидува да испиша своја убава приказна и во Реал Мадрид, клуб во кој направи трансфер како слободен агент.

Реал Мадрид доби играч од светска класа без да плати било каква отштета и првите неколку месеци во Шпанија се само потврда за неговиот квалитет, а позитивно за Алаба е што соработува со човек кој нависитна добро го познава од етапата во Минхен.

Карло Анчелоти покажува страст и мотивација за победи и покрај тоа што е во фудбалот повеќе од 40 години, а ваквиот негов квалитет посебно го импресионира Алаба кој по вторпат во кариерата соработува со Италијанецот.

– Јазикот е многу важен во секоја земја и се трудам да бидам подобар од ден во ден. Анчелоти зборува перфектно шпански и тоа си има свое значење. Го познавам од времето во Минхен, станува збор за личност од врвно ниво и со напорната работа прави ние играчите да бидеме на највисоко ниво на секој натпревар. Најмногу ме импресионира една работа кај него, ме импресионира гладта која ја чувствува за триумфи после толку време, – вели Алаба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни