Поврзете се со нас

Франција

Ал Келаифи се „прости“ од Мбапе: Ја менуваме стратегијата

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Насер Ал Келаифи полека се помирува со фактот дека ќе остане без Килијан Мбапе на крајот од сезоната, а сега за првпат јавно проговори и за проектот кој ќе го има ПСЖ без главната ѕвезда.

Луис Енрике веќе ги подготвува фановите за тоа што следи со неколкукратни измени на Мбапе во Лига 1, па тоа дефинитивно е само почеток на крајот, по кој клубот ќе фати еден сосема поинаков правец, без вистинска голема ѕвезда во првиот тим.

Ал Келаифи во интервјуто за „Радио Монте Карло“ потенцира дека ПСЖ почнува еден нов цилкус во својата ера, според кој планот е младите играчи од првиот тим да бидат задржани и да бидат костур на тимот во наредните шест до осум години.

– Пред нас е еден нов циклус. Уште на почетокот на сезоната порачавме дека ќе конструираме нешто ново за иднината, градиме тим за иднината. Сакаме да создадеме тим кој ќе може да игра заедно шест до осум години. Нашиот тим е најмладиот кој ќе биде дел од четвртфиналето во Лигата на шампионите и горди сме што сме дел од топ 10-те најдобри клубови во Европа. Нашата иднина се младите фудбалери, а особен акцент ставаме на француските играчи.

– Дел од нашиот проект и стратегија беа и големи имиња како Меси, Нејмар и Рамос. Тоа се големи играчи, најдобрите во светот. Беше чест што го бранеа грбот на ПСЖ, тоа беше дел од нашата стратегија, но истата сега се менува. Почнуваме еден нов циклус и возбудени сме за тоа што ни носи иднината, – изјави Ал Келаифи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни