Поврзете се со нас

Македонија

Академија Пандев доведе уште едно дефанзивно засилување

Објавено

на

Академија Пандев се активира на трансфер пазарот, па така откако ги обезбеди потписите на Агрон Руфати и Марио Врдољак во клубот пристигна и Георгие Јанкулов.

Се работи за поранешен македонски младински репрезентативец кој во новата средина доаѓа од редовите на Силекс. Десниот бек претходно има настапувано за Борец и Железничар Панчево, па треба да донесе квалитет, свежина во таборот на „пандевци“.

Поранешниот освојувач на Купот на Македонија немаше добри резултати во првиот дел од домашниот шампионат кој го заврши на 10 место со 12 бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни