Поврзете се со нас

Македонија

Академија ФМП се трансформираше во АД и ќе игра во Првата лига

Објавено

на

Екипата на Навико Академија ФМП денеска преку соопштение и се обрати на јавноста и истата ја извести дека е завршена неопходната процедура за регистрација како Акционерско друштво.

Поради ова клубот во минатата сезона не можеше да игра и се бори со најдобрите иако регуларниот дел го заврши на третата позиција, но сега тоа е надминато и клубот од Кисела Вода ќе продолжи да се натпреварува во Првата кошаркарска лига на Македонија.

Соопштението на Академија ФМП ви го пренесуваме во целост.

Трансформацијата од здружение на граѓани во Акционерско Друштво е успешно направена се со цел нашиот клуб да продолжи да се натпреварува во Првата лига и во наредната сезона. 

Во минатата сезона нашиот клуб успеа да заврши на 3-тата позиција на табелата во регуларниот дел и да настапи во полуфиналето на Купот на РМ, при што ја имаше својата најуспешна сезона, но за жал поради административни проблеми и немањето можност да се пререгистрира во АД во временскиот рок за минатата сезона, истата ја завршивме со настап во Плеј-Аут лигата.

Целта за оваа натпреварувачка година е стабилизација на финансиски и организациски план и давање шанса на млади домашни играчи, на кои ќе бидат приклучени неколку домашни и странски искусни играчи.

Тренер на екипата останува Никола Божиноски, кој го наследи на клупата Александар Петровиќ кој премина во редовите на МЗТ Скопје Аеродром. 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни