Поврзете се со нас

Балкан

Адеми и Оршиќ го расплакаа Ангеловски (ВИДЕО)

Објавено

на

Поранешниот македнски селектор, Игор Ангеловски ќе мора да почека нова можност да се израдува на првите освоени бодови на клупата на Горца.

Избраниците на Ангеловски беа многу блиску до реми против најдобриот хрватски клуб Динамо Загреб, односно до 92 минута имаа бод во своите џебови, меѓутоа нововлезените Адеми и Оршиќ пронајдоа пат до мрежата на домаќините за триумф од 1-0.

Адеми испрати топка со глава до Оршиќ кој пак биеше прецизно за славје на актуелниот шампион.

Мислав и пред неколку дена беше клучен за Динамо и донесе победа во пресметката со Динамо Загреб.

Што се однесува до нашите асови, Адеми го одигра целото второ полувреме, додека Стефан Ристовски не беше во составот на „модрите“.

Популарниот Мрме пак шанса за подобар резултат ќе побара против Осијек на 17 септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни