Поврзете се со нас

Англија

Абрамович се повлече: Секогаш сум работел во интерес на Челси!

Објавено

на

Рускиот бизнисмен Роман Абрамович одлучи да се откаже од управувањето со премиерлигашот Челси.

Оваа одлука вечерва ја соопшти Абрамович, а истата доаѓа откако се изврши притисок врз него по воениот напад на Русија над Украина. Роман важи или го гледаат како пријател на претседателот Владимир Путин, па со тоа стана мета на јавноста, државата и со тоа дојде до немир во клубот.

Поради сето ова Русинот реши управувањето да го додели на повереници од добротворната фондација на клубот.

-Отсекогаш сум носел одлуки во интерес на клубот. Останувам посветен на овие вредности. Затоа денес го оставам управувањето и грижата за Челси на поверениците на добротворната фондација Челси. Верувам дека моментално тие се во најдобра позиција да се грижат за интересите на клубот, играчите, персоналот и навивачите, -порача Роман во соопштението.

Англиските медиуми пренесуваат дека Челси засега не е на продажба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни