Шах
Николовски го освои „Скопје Опен“, фаворитите останаа непоразени! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
ИМ Никола Николовски е победник на возобновениот турнир „Скопје Опен“, кој што се играше минатава седмица со учество на околу 80 шахисти. Според стартниот рејтинг тој беше трет носител на турнирот, а на крајот е прв на табелата со 7,5 бода од 9 партии, шест победи, три реми, без ниту еден пораз.
Со идентичен скор како и победникот беа ИМ Борољуб Златановиќ (Србија) и ИМ Вјачеслав Тиличеев (Русија), кои на крајот според „тај-брејк“ критериумите (популарно познат како „Бухолц“) беа рангирани како второпласиран и третопласиран. Со победа во последното коло, на четвртото место се најде ФМ Тони Лазов со 7 бода, бидејќи имаше едно реми повеќе од конкурентите.
На делба на петтото место се најдоа велемајсторите Звонко Станојоски и Владимир Димитров (Бугарија) со 6,5 бода. Горан Главинац со 6 поени ја предводи групата играчи од 7 до 13 место, етаблирајќи се како најдобар од аматерите на турнирот, притоа единствен играч што на целиот турнир играше со сите тројца велемајстори и остана непоразен, освен во дуелите со Николовски и Лазов.
-
Лига на шампионипред 17 часа
Румениге: Го пониживме Реал со 9:1, но сега тие станаa нашата „бела мачка“!
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола има одлучено кој клуб ќе го води наредната сезона
-
Лига на шампионипред 8 часа
ПСЖ залудно доминираше, Дортмунд е прв финалист во ЛШ (ВИДЕО)
-
Германијапред 22 часа
Милер: Само една работа ќе одлучува за наша победа на „Бернабеу“
-
Евролигапред 8 часа
Макаби падна во Атина, Панатинаикос дојде до Ф4 билет по пауза од 12 години (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Фудбалска бравура од Шпанија: Дали ова е најдобро изведениот пенал во историјата? (Видео)
-
НБАпред 22 часа
Бесниот Мелоун влета на теренот и тргна да се пресметува со судијата, Јокиќ и соиграчите добија кошаркарска лекција од Минесота (Видео)
-
Англијапред 21 час
Карагер му пресуди на најтрофејниот играч во Јунајтед: Време е да оди во МЛС или Саудиска Арабија!