Поврзете се со нас

Италија

Жезус му одговори на Ачерби и откри со кој расистички зборови му се обратил дефанзивецот на Интер (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Франческо Ачерби се најде во средина на скандал и мораше да ја напушти италијанската репрезентација, сето тоа како последица на инцидентот кој се случил на вчерашниот дерби натпревар во Серија А.

Жуан Жезус обвини дека бил расистички навреден од Ачерби за време на една расправија и оваа епизода детално ќе се прегледува и истражи од фудбалските власти во Италија, но додека да дојде до целосна разрешница, фудбалерите додаваат дополнителен зачин на драмата.

Ачерби денеска ги демантираше обвинувањата од стоперот на Наполи и порача дека не чувствува потреба да му се извини, нешто што всушност го направил според зборовите на Бразилецот Жезус.

– Случајот беше затворен за мене вчера кога ми се извини Ачерби и воопшто не сакав да се навраќам на недоличната работа која морав да ја претрпам. Сепак, денеска прочитав дека Ачерби излегол со изјава која е целосен контраст на тоа што се случи, сосема поразлично од она што го кажа вчера на теренот, впрочем има и докази дека ми се извинува на теренот.

– Нема да застанам, мора да се бориме против расизмот. Ачерби ми се обрати со зборовите „Бегај негро, ти си само негро“. После мојот протест кај судијата, тој призна дека направил грешка и се извини. Порача дека негро е обична пцовка за него. Денеска ја промени својата верзија и тврди дека немало расистичка навреда. Немам повеќе што да додадам. Не на расизмот, – гласи пораката на Жезус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни