Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ждрепката за ЛШ е денеска, незгодни клубови демнат од третиот шешир

Објавено

на

Групната фаза во Лигата на шампионите годинава ќе се игра по забрзан распоред, а 32 екипи ќе ги дознаат своите противници на денешната ждрепка.

УЕФА ја најави за во 18 часот, со што уште од денеска клубовите ќе можат да се подготвуваат за идните ривали во битката за пласман во нокаут фазата.

Првиот шешир е однапред дефиниран со шампионите на неколку земји и победникот на Лига Европа, Ајнтрахт, кој сигурно ќе биде најпосакуван противник од оваа група, додека во вториот шешир има навистина силни екипи.

Ливерпул, Атлетико Мадрид, Јувентус, Челси, Тотенхем, Севилја и останатите ќе бидат голем предизвик за било кој противник, додека Интер, Наполи и Борусија Дортмунд се најнезгодни противници од третиот шешир.

Групите во кои ќе бидат италијанските претставници може да бидат и најнеизвесните, а однапред е јасно дека во нив не можат да се најдат Милан и Јувентус.

Натпреварите од првото коло се играат веќе на 6 и 7 септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни