Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ждрепката за Лигата на шампионите ќе биде повторена во 15 часот

Објавено

на

УЕФА официјално објави дека ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите ќе биде повторена.

Поради грешка во процедурата при иницијалната ждрепка, УЕФА реши да го повтори процесот, нешто што досега не се случило.

– Поради грешка на софтверот кој им даваше инструкции на официјалната лица кои се можни противници на одредена екипа, направена е материјална грешка во ждрепката за Лигата на шампионите.

– Како резултат на ова, ждрепката е поништена и ќе биде повторена од 15 часот, – стои во соопштението на УЕФА.

Грешката настана во моментот кога Атлетико Мадрид требаше да го добие својот противник, но во садот на можни противници не беше ставен Манчестер Јунајтед.  Наместо Јунајтед, во садот се најде Ливерпул (кој беше во иста група со Атлетико), а беше извлечен Баерн Минхен.

За време на ждрепката се случи уште еден превид, во кој Вилјареал за противник го доби Манчестер Јунајтед, но тоа не беше возможен дуел бидејќи двете екипи играа во иста група. Оваа грешка беше воочена и и исправена веднаш.

Две големи пресметки во осминафиналето на ЛШ

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни