Поврзете се со нас

Формула 1

Жан Тод: Шуми не е оној истиот кој сите го знаевме

Објавено

на

Foto:twitter.com/JeanTodt

На крајот на овој месец ќе се навршат десет години од страшниот инцидент кој го имаше Михаел Шумахер, а по кој славниот Германец ниту еднаш не се појави во јавноста поради специфичноста на здравствената состојба.

Неговото семејство максимално се бори да ја заштити неговата приватност и никој не ја знае неговата точна ситуација, но повремено со изјави во јавноста излегува неговито добар семеен пријател и поранешен професионален соработник, Жан Тод.

Славниот шеф на Ферари ги оствари најголеми успеси во Формула 1 како шеф на Шуми, а поради блискоста со неговата сопруга и децата, самиот откри дека повремено ги посетува во куќата на седумкратниот светски шампион.

Во последното обраќање за „Лекип“, Тод порачува дека Михаел е извонредно заштитен од неговите најблиски, но за жал веќе не е оној истиот кој сите го препознаваа од Ф1 трките.

– Михаел се уште е тука со нас и не ми недостасува, но едноставно тоа не е оној Шуми што го знаеме. Овој Шумахер е поинаков, тој е извонредно чуван од неговата сопруга и неговите деца. Неговиот живот се промени и јас имам привилегија да делам моменти со него. Тоа е се што можам да кажам, за жал, судбината му зададе тежок удар пред десет години. Не е истиот Шуми кој сите го знаевме од Формула 1, – гласи изјавата на Тод.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни