Поврзете се со нас

Формула 1

Жан Тод: Шумахер се уште се бори!

Објавено

на

Поминаа речиси две години од несреќата на Михаел Шумахер во која седумкратниот Формула 1 шампион заработи тешки повреди и по која се уште се наоѓа во комплицирана здравствена состојба за која јавноста и нема многу информации.

Неговиот поранешен претпоставен и голем пријател, Жан Тод, пред медиумите во Мексико откри дека Шумахер ја продолжува својата најтешка и најважна борба.

– Нашите фамилии се блиски, а со тоа и јас често го гледам Михаел и тој се уште се бори. Мора да продолжи со борбата најмногу поради своето семејство, – изјавил првиот човек на ФИА.

Шумахер имаше несреќа при скијање во декември 2013 година, а по девет месеци минати во болницата во Гренобл, беше префрлен на лекување во својот дом во Женева.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни