Поврзете се со нас

Англија

Затворска казна за фанот на Лидс кој влезе во близок контакт со менаџерот на Њукасл

Објавено

на

Судот во Лидс му одреди затворска казна и стадионска суспензија на навивачот кој во мај влета на теренот на дуелот меѓу Лидс и Њукасл и имаше директен контакт со гостинскиот менаџер Еди Хау.

Хау тогаш одби да открие каква порака добил од натрапникот, но судот реши дека 35-годишниот Дејвид Дербишир треба да отслужи затворска казна од три месеци, како дел од казните одредени со построгиот закон за вакви престапи.

Фанот на Лидс исто така доби и шестгодишна забрана за присуство на фудбалски натпревари.

Инцидентот се случи во судиското надополнување при резултат 2:2, а Дербишир неколку пати го допре и го навредуваше гостинскиот менаџер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни