Поврзете се со нас

Балкан

Зајков официјално ја заврши соработката со Левски

Објавено

на

Повремениот македонски фудбалски репрезентативец, Ѓоко Зајков, денеска и официјално стави крај на соработката со бугарскиот тим Левски.

Дефанзивецот се пресели во Софија во текот на последното лето, а заминува експресно од Левски, со 16 одиграни натпревари и 1 постигнат гол во синиот дрес.

Левски денеска објави дека е постигнат двостран договор за предвремено раскинување на договорот со Зајков.

– Раководството и спортско-техничкиот штаб на Левски изразуваат благодарност до Зајков за придонесот и професионалниот однос со синиот дрес, како и за разбирањето и отстапките кои ги направи имајќи ја предвид тешката финансиска ситуација на клубот. Му пожелуваме многу здравје и лични и професионални успеси, – стои во соопштението на Левски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни