Поврзете се со нас

Шпанија

За „смешна сума“ можел да заврши на „Камп Ноу“: Барселона одбила да го ангажира Роналдо

Објавено

на

Кристијано Роналдо веќе со години е еден од најдобрите играчи на светот, ас кој собра многу признанија, трофеи како на индивидуално така и колективно ниво со клубовите и националниот тим.

Сите оние кои редовно го пратат фудбалот го знаат патот до ѕвездите на Португалецот кој преку Спортинг Лисабон дојде до Манчестер Јунајтед каде блесна на големата сцена за да потоа се пресели во Реал Мадрид каде исто беше фантастичен за да денеска е дел од италијанскиот гигант Јувентус.

Ова негово патување можело да има поинаков тек, да било различно затоа што постоела можност да се пресели во Барселона и да игра заедно со Лионел Меси. Имено Португалецот бил понуден на каталонците додека бил во Спортигн Лисабон и тоа за сума од „само“ 17 милиони евра.

-Бевме пред потпис со Роналдињо и Рафа Маркез. Луѓето на Маркез ни го предложија Кристијано Роналдо. Во тоа време беше во Спортинг, -открива Жоан Лапорта, поранашниот претседател на Барса кој сега сака одново да седне на жешкото столче на „Камп Ноу“.

-Еден од неговите агенти рече дека имаат играч што го продале на  Јунајтед за 19 милиони, но на нас можат да ни го дадат за 17 милиони евра. Но, во тоа време веќе инвестиравме во Роналдињо. Кристијано играше повеќе на страна отколку во центарот. Мислевме дека сме покриени, па затоа го отфрливме и не жалам за тоа, -дополни Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни