Лига на шампиони
Циндриќ: Вардар е подготвен за најголемо изненадување на Ф4 турнирите

За „Дерби“ од Келн,
Александар Табаковски
Вардар утре игра историски натпревар против Барселона, а и онака големиот успех со пласманот на фајнл-фо турнирот, може да биде надграден со приближување уште еден чекор до европската титула. Лука Циндриќ е еден од лидерите на македонскиот првак, а ова се неговите размислувања во пресрет на утрешното полуфинале во Келн.
– Барселона е големо ракометно име, којзнае кое фајнл-фор учество е за нив, а и кога ќе ги погледнете играчите со кои располагаат станува јасно кој ќе ни биде противник. Тоа е нивна предност, но нам оваа сезона не краси младост и брзина, игравме многу натпревари и се подготвивме за овој турнир, се надевам дека нема да не изненадат со нешто, – вели Циндриќ.
– Психолошката подготовка е најважна за ваков натпревар во кој постојано сте под стрес. Ние се обидуваме постојано да разговараме меѓу себе и со тренерот, да бидеме подготвени за секакво сценарио, бидејќи студените глави можат да бидат пресудни во ваква фаза.
Дали ако можеше, би ја избрал Барселона во полуфиналето.
– Мислам дека нема некоја голема разлика, сите тимови се тука некаде според квалитетот и ако сакаш да играш финале, мора да одиграш голем натпревар, – потенцира Циндриќ.
Дуелот Вардар-Барселона е и дуел меѓу двајца шпански тренери…
– Тоа е навистина интересно, а досега се покажа дека ни одговара таква ситуација. Сепак, ќе одлучуваат ситници и детали, сигурно ќе биде тежок натпревар за двете екипи, а факт е и дека добро се познаваме.
Ако нема простор за големи изненадувања, што ќе го одлучи победникот?
– Сметам дека големо влијание на резултатот ќе имаат голманите, веќе видовме дека на Ф4 тешко можете да добиете натпревар ако немате расположен голман и добра одбрана.
Дали титулата на Вардар би значела поголемо изненадување од тие кои ги направија Флензбург, Кјелце, Хамбург…?
– Мислам дека тоа би било поголемо изненадување, затоа што не само што ние учествуваме првпат, туку имаме и многу млади ракометари во составот кои не биле дел од ваков настан.
Натпреварот Вардар-Барселона се игра утре од 18 часот.
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет24 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција19 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!