Поврзете се со нас

Европски првенства

Вујовиќ прогнозираше како би поминале Данска и Франција против тим од поранешна Југославија

Објавено

на

Веселин Вујовиќ е традиционално активен како аналитичар за време на секое големо ракометно натпреварување, па така поранешниот тренер на Вардар вчера бил специјален гостин во програмата на „Н1“ по повод големото финале на Европското првенство.

Популарниот Вујо добар дел од анализата ја посветил на завршниот меч кој го одиграа Франција и Данска, но најголемо внимание привлекол со изјавата дадена за можен тим кој би се составил од најдобрите балкански играчи.

Селекциите од регионот не минаа баш добро на овој континентален собир и најдобар успех забележа Словенија, меѓутоа Вујовиќ е убеден дека со заеднички сили, тим од поранешната Југославија би бил незадржлив и за Франција и Данска.

– Замислете што ќе се случеше да настапеше југословенски тим на ова Европско првенство? Знаете ли како би си поминале Француска и Данска? Би биле преслушани…..

– Замислете каква југословенска лига би имало, каква земја би имале со спортски успеси. Ме допревте на тема која е болна за мене. Јас сум југоносталгичен и сите го знаат тоа. Зошто Шпанец кој е роден во Баскија се чувствува исто, а јас морам да покажам пасош кога одам во Хрватска, Босна или Македонија.

– Не знам зошто ни се случи тоа што се случи, само Бог знае зошто се разделивме. Тоа се случи и нема да се повтори такво нешто. Јас можам да кажам дека се чувствувам како дома и кога сум во Цетиње, во Скопје, во Сараево и Љубљана, – порачал Вујо во свој стил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни