Поврзете се со нас

СПОРТ ПЛУС

Вознемирувачко видео го обиколи светот: Поранешен рагби играч ја претепал својата девојка пред нивното дете

Објавено

на

Навистина вознемирувачко видео на кое се гледа како поранешен рагби играч од САД ја тепа својата сега веќе поранешна девојка се појави на социјалните мрежи.

Некогашната ѕвезда на неколку НФЛ клубови, Зек Стејси физички жестоко ја нападнал својата поранешна девојка пред нивното дете.

На видеото се гледа како насилниот Стејси прво со тупаници ја удира девојката, за потоа да ја фрли директно во телевизорот.

За несреќа на девојката, Стејси не застанал тука па продолжил да ја удира со тупаници, а тоа се гледа и од приложеното видео кое се врти низ социјалните мрежи.

Медиумите во САД пренесуваат дека засега нема трага од Зек Стејси кој се уште не бил приведен по ваквиот грозоморен инцидент.

Стејси уште во 2013 година бил драфтуван од Сент Луис, за потоа да се приклучи и на тимот на Њујорк Џетс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни