Поврзете се со нас

Формула 1

Волф откри како течел неочекуваниот разговор со Хамилтон: Нема да му прилега црвената боја

Објавено

на

Foto:twitter.com/MercedesAMGF1

Тото Волф изгради посебна врска со Луис Хамилтон низ годините и победничкиот тандем донесе многу успеси за Мерцедес, но оваа сезона ќе биде последна за седумкратниот светски шампион како лидер на тимот во кој клучен човек е токму Австриецот.

Тимскиот шеф на Мерцедес се наоѓа пред необичен предизвик и ќе мора да избере кандидат кој ќе го замени Хамилтон, кој од наредната сезона ќе ги промени боите и ќе го гледаме во црвениот болид на Ферари.

Британецот веќе објасни дека му било животен сон да го претставува тимот од Маранело, а Волф сега за првпат се огласи како течел нивниот разговор, при кој Хамилтон му ја соопштил тешката одлука.

– Ми беше тешко да прифатам на почеток. Хамилтон замина на одмор, а кога се врати, испадна дека си заминува за секогаш од Мерцедес. Кога се врати, ми порача „ајде да одиме на кафе“.

– Тоа ни беше како ритуал пред старт на секоја сезона, но веднаш на средбата ми порача „Одам во Ферари“. Го прашав дали е сериозен и зошто избира ваков необичен тајминг. Ми порача дека сака да го реши тоа на почеток на сезоната за да нема психолошки товар до крајот на соработката.

– Искрено, не можам да го замислам во црвено, сметам дека нема добро да му прилега. Без разлика на се, нашиот однос останува цврст и силен, годините кои ги минавме заедно беа фатастични, – вели Тото Волф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни