Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вилјареал го освои Бергамо и дојде до последниот билет за осминафиналето во ЛШ

Објавено

на

Фудбалерите на Вилјареал се последниот патник во осминафиналната фаза на Лигата на шампионите и тоа откако вечерва славеа над Аталанта со 3-2 во Бергамо.

Оваа средба требаше да е игра вчера, но поради лошите временски услови и снегот беше презакажана за денеска каде Шпанците се покажаа како подобар ривал и со триумфот го потврдија второто место во групата Ф зад Манчестер Јунајтед.

Данџума и Капуе во првиот дел донесоа позитива за „жолтата подморница“ од 2-0, предност која во 51 Данџума ја зголеми на 3-0.

Домаќините од 71 до 80 минута дојдоа до 3-2 благодарение на Малиновски и Запата, меѓутоа тој резултат не им беше доволен за нокаут фаза, односно ќе мора да се задоволи во учество во Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни