Поврзете се со нас

НБА

Вилијамс со забивање го искриви обрачот, Денвер и Бостон чекаа 35 минути (Видео)

Објавено

на

Денвер и Бостон предизвикаа многу внимание со меѓусебниот дуел во ситуација кога се конференциски лидери, а домаќините на крајот се израдуваа на победата, во која вообичаено се истакна Никола Јокиќ.

Сепак, оваа средба имаше и една неславна епизода, откако Вилијамс со забивање и подолго задржување на обрачот, успеа да го искриви истиот, па во салата морале да реагираат техничките служби.

Прекинот во последниот период траел 35 минути, а на крајот очигледно повеќе му одговараше на Денвер.

Џејлен Браун по натпреварот не го криел разочарувањето од ситуацијата.

– Не постоеше добра комуникација. Потрошија многу време, а кога се вративме на теренот, повторно изгледаше како да не е израмнет. Значи, бадијала потрошивме толку време и ризикувавме повреди, среќа што не дојде до таква ситуација, – изјавил Браун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни