Поврзете се со нас

Македонија

Вардар се раздели со напаѓачот Жоглев (Фото)

Објавено

на

Неколку часа по одработената прес-конференција од страна на Вардар, клубот со кратко соопштение информираше прекин на соработката со еден првотимец, со што јасно се наговестува дека се остава простор за ангажман на нови играчи во нападот.

Владимир Жоглев беше доста важен за Вардар во враќањето на великанот во Првата македонската фудбалска лига, но поранешниот член на Тетекс сега ја завршува својата авантура во најтрофејниот македонски клуб.

– Владимир Жоглев повеќе не е дел од ФК Вардар. Во името на клубот, му се заблагодаруваме за целокупниот ангажман во црвено-црниот дрес и воедно му посакуваме успех во понатамошниот дел од кариерата, – гласи објавата на вардарци.

25-годишниот Жоглев одигра 10 натпревари во првиот дел од сезоната и запиша една асистенција и еден гол, но сега како слободен агент ќе бара нова дестинација за себе.

Од денеска, нов спортски директор на Вардар е Влатко Колев, па за очекување е набрзо да ги дознаеме и имињата на фудбалерите кои се најавија како засилувања за вториот дел од сезоната.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни