Поврзете се со нас

Македонија

Вардар не искористи големи шанси за победа, па на крајот со многу среќа освои бод против Шкендија

Објавено

на

Вардар и Шкендија одиграа супер возбудливо дерби во Маџари, натпревар на кој Вардар доминираше и ја контролираше играта цели 80 минути, но на крајот со многу среќа освои и еден бод против лутиот ривал.

Скопските „црвено-црни“ успеаја да ја прекинат црната низа од пет порази во дуелите со Шкендија, но сепак не дојдоа до тоа што посакуваа, односно прва победа над тетовскиот тим од 2017-та година.

Тимот на Горазд Михајлов подобро го отвори дербито и едноставно знаеше што сака на теренот, па по еден корнер на капитенот Глишиќ, Лемос се најде на вистинско место и погоди за 1:0 во 18-та минута.

По постигнатиот гол, се играше доста мирно на двете страни и се водеше рововска битка на средината на теренот, па на пауза се замина со 1:0 и посакувана предност за домаќинот.

Во вториот дел, Вардар беше подобар тим половина час и не искористи две стопроцентни шанси за 2:0 преку Сусо и Дурански, со тоа што при првиот обид, Тотре спасуваше и ја вадеше топката со реакција на гол линијата. Неискористените шанси беа брутално казнети од гостите кои преку Алмир Аганспахиќ израмнија на 1:1 во 80-та минута, а во завршницата од мечот, Вардар беше грогиран и со сите сили се бранеше во својата половина.

Поради инцидентот и исклучувањата на Азер Омерагиќ и Анес Мелиќи, судијата продолжи 10 минути и Шкендија во 100-та минута ја погоди стативата, односно тоа го направи Аганспахиќ кој од непосредна близина со глава биеше во дирекот.

Вардар со доста среќа се одбрани и на крајот освои бод во големото дерби, а заклучокот е дека и двата тима имаат за што да жалат со оглед на шансите кои не ги реализираа.

Останати резултати во ПМФЛ:

Силекс – АП Брера 2:1
Брегалница – Гостивар 0:0
Македонија ЃП – Тиквеш 1:0
Воска – Шкупи 0:0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни