Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ван Дер Варт: Ако го споредите уште еднаш Вернер со Робин, си заминувам од студиото

Објавено

на

Рафаел Ван Дер Варт е редовен аналитичар за холандската телевизија „Циго Спорт“, а во вчерашното студио, не пропуштил да испрати неколку зајадливи коментари за случувањата во Лигата на шампионите.

Поранешниот холандски репрезентативец се истакна како експерт кој дава доста ниски удари и коментари без влакна на јазикот, но како што уверуваат медиумите од Холандија, вчера посебно се налутил кога домаќинот на емисијата ги споредил движењата на Тимо Вернер со оние на Робин Ван Перси.

Вернер вчера постигна два гола и забележа една асистенција во ремито меѓу Зенит и Челси, но споредбата со Ван Перси никако не ја прифатил Ван Дер Варт.

– Ако уште еднаш го споредиш Вернер со Робин Ван Перси, си одам од емисијата и од студиото веднаш, – порачал Ван Дер Варт кој подоцна во ноќта, не го поштедил и Тер Штеген.

– Видовме голман кој не сака да ги користи рацете (по голот на Сане). Не знам дали е чудно, но секојпат кога Тер Штеген за противник го има Нојер, станува нервозен и прави грешки, – заклучил Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни