Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк испрати порака до навивачите на Ливерпул за Гакпо: Тој е одличен играч, но…

Објавено

на

Премиерлигашот Ливерпул успеа да ги обезбеди услугите на Коди Гакпо кој ќе му биде на располагање на тренерот Јирген Клоп со почетокот на новата календарска година.

„Црвените“ се решија да реагираат и да го доведат Холанѓанецот на „Енфилд Роуд“ иако тој долго време се поврзуваше со Манчестер Јунајтед. Сега на Гакпо е редот да ја оправда довербата, вложените средства во него со тоа што Вирџил Ван Дајк побара од навивачите, јавноста да му се даде време, простор на офанивецот да покаже што знае и умее.

-Се надевам многу ќе ни донесе. Тој е добар играч, добро момче и очигледно знам како ќе дојде во јануари. Мора да му дадеме време, многу сум сигурен дека навивачите на Ливерпул ќе му дадат време, ние сме семејство и вистинските секогаш ќе го поддржуваат. Мора да ја држи главата надолу, што и да се случи, да се бори, да ужива во моментот и да биде важен за фудбалскиот клуб, -порача стоперот кој воедно ги отфрли тврдењата дека тој имал клучна улога и го убедлил Коди да слета во домот на англискиот и европски вицешампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни