Поврзете се со нас

Свет

Валјадолид на Димитриевски и Димитриоски влезе во лоша резултатска серија

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/J.A. Lillo

Валјадолид на македонското ракометно дуо Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски влезе во лоша резултатска серија во АСОБАЛ лигата и потврда за тоа е четвртиот пораз во низа.

Последниот дојде на гостувањето кај Куенка со 33:27, средба во која домаќините беа подобри во двата „периоди“, првиот со 19-17 и вториот со 14-10.

Лидер беше Пизаро со 9 гола, а голема поддршка имаше од голманот Еспиња со 13 одбрани. Кај гостите пак Димитриоски даде 3 погодоци, Димитриевски еден помалку, прв стрелец беше Мартинез со 5 реализации.

Во следното коло Валјадолид има тешка задача, предизвик со оглед на тоа што го чека гостување кај Ла Риоха.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни