Поврзете се со нас

Франција

Успешна операција на „светците“: ПСЖ добива напаѓач од 90 милиони евра (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/PSG

Најдобриот француски клуб, Пари Сен Жермен се одлучи да започне нов проект во кој нема повеќе има големи супер ѕвезди од типот на Меси, Нејмар и Рамос, поточно почна да гради квалитетна, конкуретна екипа со играчи желни за докажување, успеси.

„Светците“ успешно реализираа неколку зделки и ги ангажираа Ернандес, Дембеле, Асенсио, Угарте и Рамош за да на крајот стигнат и до напаѓачот кого толку го посакуваат и вложија огромен труд за да го добијат неговиот потпис.

Повеќе извори пренесуваат дека ПСЖ сепак успеал да се разбере со Ајнтрахт Франкфурт и Рандал Коло Муани ќе игра на „Паркот на принцовите“.

Целата зделка ќе биде меѓу 90-95 милиони евра, а напаѓачот ќе потпише петгодишен договор.

Коло Муани има 24 години што значи има простор да се развива, напредува и да стане еден од најдобрите играчи на светот на неговата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни