Поврзете се со нас

АТП

Уште едно познато тениско име го откажа настапот на Олимписките игри

Објавено

на

Олимписките игри во Токио треба да се одржат ова лето, а една од битките кои ќе се водат се секако на тениските терени.

Меѓутоа тунрирот во тенис ќе осиромашен за многу имиња кои одлучија да се повлечат, да не настапат, па тука се Надал, Тим, Баутиста Агут, Иснер, Опелка, Фриц, Делбонис… списокот е долг и понатаму се надополнува со тоа што последен кој реши да не игра во Јапонија е Денис Шаповалов.

-Тоа беше тежок избор. Отсекогаш сонував да ја претставувам Канада, да ја претставувам мојата земја на Олимписките игри. Мислам дека секој спортист сонува за тоа, особено јас.

-Со оглед на ограничувањата поврзани со коронавирусот и сè што се случува во моментов во договор со тимот се согласивме оти најдобро е да ги прескокнеме игрите. Исто так, болката во рамото се повторува, што влијае на играта. Затоа, не сакам да играм премногу да да се напрегам. Одлучивме дека навистина сакаме да имаме добра сезона на трева, -рече Шаповалов кој порача дека ќе учествува на наредните ОИ.

-Париз 2024 година не е толку далеку. И секако, ќе ми биде драго да учествувам на тоа натпреварување, -рече Шаповалов кој во моментов 15-ти на АТП-листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни