Поврзете се со нас

Англија

Уште еден премиерлигашки клуб заврши со казна и одземени бодови, битката за опстанок станува „пеколна“ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/NFFC

Премиер лигата како фудбалско тело продолжи да ги казнува клубовите кои вршење неправилни економски операции со кои го прекршиле финансискиот фер-плеј, па така по Евертон, со одземени бодови заврши уште еден клуб.

Нотигем Форест призна дека потрошил повеќе пари од што треба во јануарскиот преоден рок, па сега на девет кола пред крајот падна во опасната зона на табелата, односно под цртата која обезбедува пласман во елитното друштво.

„Шумарите“ добија казна од четири бода и од 25 сега се на 21, што значи дека паднаа под Лутон кој до денеска беше прв од последните три тима на премиерлигашката табела.

Претходно оваа сезона, десет бода му беа одземени и на Евертон, но откако „карамелите“ ја обжалија одлуката, им беа вратени четири и останаа на „минус шест бода“.

Со најновата одлука на Премиер лигата, битката за опстанок ќе биде уште понеизвесна и повозбудлива, а денеска дефинитивно најмногу профитираше Лутон кој без игра избега од опасната зона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни