Поврзете се со нас

Европски првенства

Урнебесен тајм-аут на Шола: Батали се што кажав, немаме двајца кружни напаѓачи-што ќе играме? (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Црна Гора иако максимално се бореше не успеа да дојде до позитивен резултат во дуелот со Унгарија на Европското првенство.

Црногорците можеа во најмала рака да освојат бод, но во самиот финиш останаа без добри решенија и на крајот мораа да му честитаат победа на противникот од 26:24.

Токму од средбата во Минхен имаме еден урнебесен тајм-аут во кој во главна улога беше легендарниот Владо Шола, сегашен селектор на Црна Гора.

-Седум на шест и два кружни напаѓачи, дали може така? Пивот, еден, два… Еден, два, четири, пет. Единицата ти доаѓа, го покрива пивотот, а немаме втор пивот. Батали, што ќе играме? -истакна Шола кој на крајот им дозволи на играчите само да смислат акција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни