Поврзете се со нас

Конференциска лига

УЕФА му „залепи“ казна на Левски за лудувањето на неговите навивачи во Скопје

Објавено

на

Foto:instagram.com/pfclevskiofficial

Европската фудбалска федерација (УЕФА) преку нивните дисциплинци го санкционираа тимот на Левски поради однесувањето на неговите навивачи на дуелот против Шкупи во квалификациите за Конференциската лига.

Бугарскиот тим е олеснет за 40.000 евра за дискриминаторско однесување на трибината, употреба на етнички скандирања и политички слогани. Воедно Левски доби забрана да продава билети на своите навивачи за следното гостување на тимот на европските натпреварувања.

Во случај на нов прекршок (веќе во четврток) стадионот на Левски ќе биде делумно затворен за навивачи.

Поради ова клубот од Софија ги повика навивачите да го поддржат нивниот омилен тим без никакви акти на агресија, насилство, расизам, дискриминација, ксенофобија и политички слогани, бидејќи тие може да донесат дополнителни тешки казни од УЕФА.

Реваншот меѓу Левски и Шкупи закажан за в четврток од 19 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни