Промоции
Училиштата од Ѓорче Петров се приклучуваат во кампањата против врсничко насилство на „Макпетрол“
Шест основни училишта од скопската општина Ѓорче Петров стануваат дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ насочена кон решавање на проблемите поврзани со врсничко насилство меѓу децата и младите. Преку едукативната кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, „Макпетрол“ во овие училишта ќе организира работилници што ги води психотерапевт со практично искуство за оваа тема, на кои учениците може да се запознаат со проблемот на булинг, односно со начините за превенција на ситуации со врсничко насилство, нивно решавање и надминување на последиците од нив.
Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управниот одбор и директор во „Макпетрол“ и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска потпишаа меморандум за соработка во рамките на оваа кампања.
Едукативни работилници ќе се организираат во основните училишта во населбата Ѓорче Петров, „Димитар Беровски“, „Ѓорче Петров“ и „Мирче Ацев“, како и во училиштата „Јоаким Крчовски“ во Волково, „Страшо Пинџур“ во населбата Даме Груев и „Тихомир Милошевски“ во Ново Село. Покрај разговорите со стручни лица, учениците и нивните родители ќе добијат и печатен едукативен материјал на тема врсничко насилство.
– Проблемот со врсничкото насилство е широко распространет, особено меѓу децата и младите. Тоа е проблем за кој нема брзо и ефикасно решение, но секако мора да се почне од кревање на јавната свест за долгорочните последици што врсничкото насилство ги остава врз психата на децата, но и понатаму кога се возрасни личности. Затоа, акцентот во справувањето со булингот го ставаме на едукацијата која ја спроведуваме преку работилници со обучени лица кои имаат огромно практично искуство со оваа проблематика. Она што особено нѐ радува е големиот интерес за работилниците како од страна на децата, така и на родителите и просветните работници, што е потврда дека комуникациските активности на нашата кампања имаат позитивен ефект врз пошироката јавност – рече Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управниот одбор и директор во „Макпетрол“ по потпишувањето на меморандумот за соработка.
Кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ наидува на огромен интерес во јавноста, особено кај општинските власти и раководствата на основните училишта низ земјава бидејќи училишните служби, наставниците и учениците секојдневно се соочуваат со најразлични ситуации поврзани со булинг.
Покрај општината Ѓорче Петров, дел од оваа кампања се уште четири скопски општини – Центар, Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода. Неодамна ,,Макпетрол” потпиша меморандум за соработка преку кој ќе се реализираат едукативни работилници и во основните училишта во Гевгелија, а во план е тие да се организираат и во уште неколку други општини низ земјава.
Наскоро ќе почнат и работилниците во училиштата во Ѓорче Петров, со што ќе има едукативни работилници за учениците, наставниците и училишните служби во 45 училишта.
-
Лига на шампионипред 19 часа
ПСЖ залудно доминираше, Дортмунд е прв финалист во ЛШ (ВИДЕО)
-
Репрезентацијапред 19 часа
Ракометарите тренираа во Торшавн, екипата е подготвена за битка со Фарски Острови
-
Лига на шампионипред 11 часа
Реакцијата на разочараниот Мбапе откако доби прашање дали ќе навива за Реал против Баерн (Видео)
-
Евролигапред 20 часа
Макаби падна во Атина, Панатинаикос дојде до Ф4 билет по пауза од 12 години (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 19 часа
Ројс: Само една работа е важна, никој нема да праша…
-
НБАпред 22 часа
Баркли е убеден: Оваа серија е готова, Денвер ќе добие „метла“ од Минесота
-
Италијапред 21 час
Занети: Жал ми е за Мурињо…
-
Светпред 24 часа
Силва има нов клуб: Моето срце секогаш беше со вас…(ВИДЕО)